Живата легенда на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, е најдобриот тренер на светот во 21-от век, во изборот на Институтот за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).


Фергусон на првото место има само еден бод повеќе од својот долгогодишен ривал, менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер. Трет, според ИФФХС, е Жозе Мурињо, зад него следуваат Фабио Капело и Гус Хидинк.

Првата десетка на најдобри светски тренери ја пополнија Карло Анчелоти, Винсенте дел Боске, Марсело Биелса, Луис Фелипе Сколари и Рафаел Бенитес.

На листата на ИФФХС, место се најде и за поранешниот селектор на Македонија, Среќко Катанец, Словенецот се наоѓа на делба на 76-то место заедно со Даниел Батиста, Кике Санчез Флорес и Андре Вилас-Боаш.

“макфакс“
Ohridnews