Рамазанската вечера, што во петокот ја организираше весникот на турски јазик „Заман“ на која присуствуваа претставници на локалната самоуправа, минала без опозицијата во советот.

Оттаму велат дека до ниту еден советник од опозицијата не стигнала покана за заедничко учество на Ифтар – ниту од турскиот весник, ниту од градоначалникот, ниту од советничкото мнозинство.

-Нашиот став е – непоканет на гости не се оди. Како и да е, советниците од опозицијата ја изразуваат својата длабока почит кон сите охриѓани со исламска вероисповест, кои со Рамазанските пости се подготвуваат да го чествуваат големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.-велат советници од опозицијата.

Од локалната самоуправа вчера не одговорија на забелешките на советниците од опозицијата зошто во официјалната делегација за Ифтар немало претставници од сите партии, односно листи во советот.

OhridNews