Нигерискиот фудбалер Одион Игало  не отпатува со „црвените ѓаволи“ на мини подготовките во Шпанија. Игало на Олд Трафорд се пресели во последниве часови од зимскиот преоден рок од Кина, каде владее смртоносниот вирус Корона. Тој е во карантин поради вирусот и ќе помине се додека не се извршат потребните медицински прегледи.

Веројатно и Игало посакуваше да дојде со нас и подобро да ги запознае играчите, но тоа беше ризик кој не можевме да го преземеме. Ќе тренира сам, со посебна програмата. Во текот на сезоната имаме доволно време да се навикниме на него и да ги искористиме квалитетите. – изјави тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер.

Велика Британија моментално ги затвори границите за луѓето кои доаѓаат од Кина и Игало можеби да се соочи со забрана за влез затоа што на Олд Трафорд се пресели од Шангај. Тој дојде како позајмен фудбалер.

OhridNews