Македонските фудбалски репрезентативци ја продолжија серијата без пораз, откако ремизираа против Финска (0-0) и Азербејџан (1-1) на контролните мечеви во Турција. Селекторот на А репрезентацијата, Игор Ангеловски ги повика најдобрите играчи кои одиграа два добри натпревари.
– На првиот меч со Финска бев задоволен од играта и од резултатот, додека од исходот со Азербејџан не сум задоволен. Подготовките ги одработивме максимално професионално, играчите како и секогаш беа на потребното ниво и искрено им честитам за желбата и пристапот. Имаме јасна слика пред почетокот на Лигата на Нации, иако можно е да одиграме уште два контролни натпревари во мај. Фудбалерите се уште ја бараат вистинската форма во репрезентацијата, но мислам дека ќе бидеме најдобри кога ќе биде најпотребно. – изјави селекторот.
„Црвено жолтите“ во групата на Лигата на Нации се наоѓаат со Ерменија, Лихтештајн, Гибралтар. Мечевите ги започнуваат на гостински терен против Гибралтар на 6 септември.
OhridNews