Игор Камбовски најверојатно ќе биде носител на листата на пратеници од Алијансата за позитивна Македонија во 5-тата изборна единица. Ова вечерва го соопшти претстедателот на оваа партија, Љупчо Зиков, на свеченото отворање на новите простории во Охрид, од каде во иднина ќе делува Алијансата за позитивна Македонија.

Зиков, пред охриѓани потенцира дека Алијансата за позитивна Македонија нуди одржлива економска програма, која како примарна ја пласира финансиската слобода на личноста.

Возбуден сум заради тоа што во Охрид добивме една убава канцеларија, токму во центарот на градот, од каде ќе можеме да ја јакнеме идеjата за Алијансата за позитивна Македонија.“ – истакна Зиков, посочувајќи дека 23 години граѓаните во Македонија слушаат лаги и токму АПМ преку концептот за економски развој ќе ја промени таквата слика.

Лидерот на Алијансата за позитивна Макеоднија потенцира дека партијата ќе води политика на отворање нови работни места.

Затоа Алијансата за позитивна Македонија се јави со преокт за нови 100 000 работни места во четири години, во сосема нови домашни фирми. Јас пред извесно време во Охрид изјавив  дека на градот мора да му се случат брзи промени, да не биде место каде ќе се нудат само плажи. Охрид мора да биде заокружена целина која ќе нуди планини, реки, цркви и самото езеро. Ако Охрид биде еден голем центар со пет ѕвезди, ако тоа го направиме, градот може да биде на рамна нога со секоја светска метропола.“ – потенцираше Зиков.

Зиков објасни дека развојот на конгресниот туризам во Охрид, претставува предност на градот.

Тоа е стратешка предност што Охрид може да ја понуди на Балканот. Со една паметна политика и со нови инвестиции. Сето тоа го соддржи во програмата на Алијансата за позитивна Македониија.“ – додаде Зиков.

Претседателот на ГО на Алијансата за позитивна Македонија, Владо Бучковски, упати апел до сите политички партии, на претстојните избори да го избегнат говорот на омраза и ксенофобијата по политичка, етничка, релиогозна, родова или друга припадност.

Верувам дека граѓаните на Охрид ќе го препознаат нашиот пристап. Ќе им се допадне она што сакаме да го промовираме како поинаква политичка култура. Им посакуваме на нашите политички ривали фер борба.“ – истакна Бучковски.

OhridNews