Актуелниот градоначалник Игор Трајкоски ќе биде кандидат на ВМРО ДПМНЕ на претстојните локални избори во општина Дебрца. Одлуката денеска на прес конференција ја соопшти членот на Извршниот комитет Емил Димитриев.

-За општина Дебрца кандидат е Игор Трајковски, актуелен градоначалник докажан со многу реализирани квалитетни проекти. – рече Димитриев.

ВМРО ДПМНЕ денеска ги објави имињата на 37 кандидати за градоначалници. За Струга, кандидат на партијата ќе биде Сеад Солаковски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, инаку лекар по професија. Во Ресен кандидат на ВМРО ДПМНЕ повторно ќе биде актуелниот градоначалник, Ѓоко Стрезовски.

OhridNews