Фудбалерот на Тотенхем, Хонг мин Сон принудната пауза во англиската Премиер лига ќе ја искористи да го отслужи воениот рок кој е задолжителен за мажите во Јужна Кореја.

Сон во својата земја се врати веднаш после прекинувањето на мечевите во Премиер лигата. Фудбалерот ги поминал потребните 14 денови во карантин и сега планира да се пријави за отслужување на воениот рок.

Во Јужна Кореја воениот рок е вкупно 21 месец. Но фудбалерот ќе добие попуст и во војска ќе биде само еден месец. Попустот се однесува на спортскиот успех кој го има Сон во дресот на репрезентацијата и Тотенхем.

За официјално да почне отслужување на воениот рок Сон очекува зелено светло од Тотенхем, кој пак ја чека одлуката од Премиер лигата дали и кога ќе продолжат натпреварите.

OhridNews