„Играме заедно“ е мотото на фолклорниот концерт што ќе се одржи утре на платото пред охридскиот центар за култура „Григор Прличев“по повод  Денот на Европа.

На концертот освен  Ансамблот за народни песни и игри „Бисери“ кој се јавува како организатор, свои настапи ќе имаат ФА ,,Филиграни”, КУД ,,Ѓердан”, КУД ,,Охриѓанка”,  КУД ,,Лакочерај”, Ансамбал ,,Билјана”, а гости на концертот ќе бидат и членовите на културно-уметничкото друштво „Зета“ од Црна Гора и солистот Петар Нечовски.

Концертот ќе започне во 13 часот.

OhridNews