Минутата одмор беше полн погодок на тренерот Андоновски. До крајот на првиот дел “белите“ предводени од расположениот Крсте Андоновски намалија на 12-11.
На теренот во вторите триесет минути, излезе еден нов Охрид. Разиграни во нападот, максимално ангажирани во одбраната, а се разбуди и Пецаков на голот.
По само десет минути игра во вториот дел Охрид имаше предност од 16-14. Од тој момент до последната минута од мечот се играше гол за гол. Охриѓани го контролираа резултатот, но, никако неможеа да се одлепат и да го финишираат мечот.
Во последната минута на семафорот стоеше 22-22. Нападот им припадна на ракометарите на Охрид, по изгубената топка во конфузната состојба најдобро се снајде Бабачев кој со ракометар на своите плеќи дојде од шесте метри и го совлада Ангелоски за 23-22 !
Најефикасен во составот на Охрид беше Андоновски со осум погодоци, по него следуваа Мирков и Томоски со четири. Во тимот на гостите со девет голови најпрецизен беше Лазов.