Одлуката на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ за заеднички настап во Струга  во последен момент не е добра за мултиетничка Струга и може да предизвика голема поделба помеѓу Албанците и Македонците, сметаат во ДУИ.

Знаете добро 2009 ние стружани се поделивме на етнички блокови. По изборите се потрудивме во локалната коалиција да има македонска советничка група и тоа го постигнавме. Но, повторно гледам дека се оди во поделба на етнички блокови што е вознемирувачки за Струга која тежнее да ги респектира сите етнички заедници. Не е добро 5 до 12 некој да прави етнички поделби, смета Рамиз Мерко, шеф на општинскиот изборен штаб на ДУИ во Струга.

Според Мерко одлуката на политичките партии на Македонците да истакнат заедничка советничка листа, нема многу да промени во изборниот резултат, но неминовно ќе предизвика обединување на албанскиот блок.

– И ние ќе повикаме на обединување на албанскиот блок кој на овие локални избори во Струга настапува со две кандидатски лиости за градоначачници и четири советнички листи, да се ориентираат  гласачите да гласаат за една или најмногу две листи.-рече Мерко.


Рамиз Мерко

И ДПА смета дека потегот на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ е контрапродуктивен и може негативно да се одрази на демократските процеси во Струга.

-Демократијата е одраз на мнозинството, а во Струга се знае кое е мнозинство, 64% од граѓаните се Албанци и  се  друго е  обид е да се погази тоа мнозинство, што  не е добро ниту за Струга ниту за демократијата воопшто.-изјави Зиадин Села – кандидат за градоначалник на Струга.


Зијадин Села

Села е убеден дека граѓаните на 24 март ќе донесат вистинска одлука и дека изборниот резултат ќе биде одрз на ралната состојба во Струга.

Г. Момироски