
Тргнувам од „сопствениот “ новинарски двор. Македонското новинарство како да ги допира најниските гранки од кои не ќе се може подолу. Надеж се раѓа со новото еснафско здружение и синдикат,ама ќе треба уште многу вода да потече за работите да дојдат во позитива. Локално, жалам што од она што го гледам понекогаш се прашувам: каде се едни други времиња кога се имаше почит кон професијата и луѓето кои беа во новинарството?! Признале или не , за жал новинарството во Охрид има потенцијал, но и многу лицемерие во себе. Ми пречи делењето на тајфи, наши и ваши. Но и уривањето на стандардите и на новинарските форми. Оние кои притискаат околу нас вешто го користат тоа. Не за да ни помогнат , туку да си ги завршат своите интереси, а мнозина од нас се влезени во нивните филмови кои ако оставиме сеуште да се движат , како професија ќе не фрлат во бездна .
Колеги, пред нас е Новата година. Празнициве можеме доволно да се одмориме од трката по настани и жешки теми кои наводно се за Пулицерова награда . Време е да си го вратиме достоинството . Да се цениме , а не да се преценуваме и најмногу од се да се почитуваме прво меѓу себе , па и јавноста и граѓаните да сфатат , кои сме ние. Среќна Нова 2011 !
Време е за едно наше време !












