Кога помина уште една година?!Пак време да собираме и да одземаме , што добивме , што изгубивме?!

Тешко е во десеттина редови да се анализираат 365 денови, секој барем со едно случување кое некого израдува, налути, огорчи или му го смени животот на арно или лошо. За мене лично една просечна година , со обврски и ангажмани и предизвици кои самиот си ги одбрав. Професионално гледано ова е година со која генерално ретко кој може да се пофали.

Тргнувам од „сопствениот “ новинарски двор. Македонското новинарство како да ги допира најниските гранки од кои  не ќе се може подолу. Надеж се раѓа со новото еснафско здружение и синдикат,ама ќе треба уште многу вода да потече за работите да дојдат во позитива. Локално, жалам што од она што го гледам понекогаш се прашувам: каде се едни други времиња кога се имаше почит кон професијата и луѓето кои беа во новинарството?! Признале или не , за жал новинарството во Охрид има потенцијал, но и многу лицемерие во себе. Ми пречи делењето на тајфи, наши и ваши. Но и уривањето на стандардите и  на новинарските форми. Оние кои притискаат околу нас вешто го користат тоа. Не за да ни помогнат , туку да си ги завршат своите интереси, а мнозина од нас се влезени во нивните филмови кои ако оставиме сеуште да се движат , како професија ќе не фрлат во бездна .

Колеги, пред нас е Новата година. Празнициве можеме доволно да се одмориме од трката по настани и жешки теми кои наводно се за Пулицерова награда . Време е да си го вратиме достоинството . Да се цениме , а не да се преценуваме и најмногу од се да се почитуваме прво меѓу себе , па и јавноста и граѓаните да сфатат , кои сме ние. Среќна Нова 2011 !

Време е за едно наше време !

                Милчо Јованоски – дописник на  DW