Екипата на Наполи на дербито со Рома кое ќе одлучува за вицешампионското место во Серија А ќе биде засилен со најдобриот стрелец Гонзало Игуаин.


Аргентинецот кој заработи четири мечеви казна за дивеењето на дуелот со Удинезе ќе биде помилуван и ќе паузира три натпревари.

Фудбалската федерација на Италија му ја намали суспензијата на Игуаин поради фактот дека испадот на Фриули е прв од таков вид на голгетерот.

„Азурите“ и без Игуаин во составот ја совладаа Верона со 3-0, но водечкиот стрелец потребен му е на екипата за големите дерби мечеви.

Игуаин ќе паузира уште два меча со Интер и Болоња, а за дербито со Рома ќе биде во комбинација.

OhridNews