Гонзало Игуаин кој ја „запали“ Италија со мултимилионскиот трансфер од Наполи во Јувентус го реши дербито меѓу двете екипи во Торино погодувајќи за конечно победа на домаќините (2-1).
Аргентинскиот репрезентативец одлучи да не го прослави погодокот, како знак за почит кон Наполи, но навивачите на Јувентус тоа го направија скандирајќи го неговото име гласно.
По мирното прво полувреме, актерите во дербито распукаа во вториот дел. Домаќините преку дефанзивецот Леонардо Бонучи поведоа со 1-0 во 50-та минута, а радоста кратко траеше само четири минута, откако Хозе Каљехон ги изедначи бројките не семафорот.
Во 71-та минута падна одлуката за победникот во дербито. Игуаин со лева нога биеше во спротивниот агол од голот на Пепе Реина и донесе значајна победа за Јувентус во трката за Скудетото во Серија А.
Со трите бодови Јувентус се одлепи на пет поени од Рома која натпреварот од 11-та рунда ќе го одигра против составот на Емполи.
OhridNews