Еден од трите преставници на италијанскиот фудбал во Лигата на Шампиони, Наполи покрај четирите победи во групата не успеа да обезбеди пласман во 1/8 финалето.

– Ништо лошо не направивме, а испаднавме. Имаме 12 бодови како Арсенал и Дортмунд, а некои тимови одат понатаму со само една победа. То е невозможно. Го победивме лидерот во Премиер лигата, вицепрвакот во ЛШ и неможам да бидам незадоволен од моите соиграчи – рече Игуаин.
Европските мечеви „наполитанците“ ќе ги продолжат во второто натпреварување по ранг Лигата на Европа.










