Извршниот комитет на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука предвремените парламентарни избори да се одржат на 24-ти април, согласно договорот од Пржино. Во моментот, во „Порта Македонија“, се одржува средба на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.

Владејачката партија претходно соопшти дека партијата во целост ја прифаќа методологијата на ДИК за прочистување на Избирачкиот список.

„ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги преземе сите неопходни активности за спроведување на фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи согласно законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и градење на демократска атмосфера“, се вели во соопштението.

OhridNews