Во последниот ден од летниот преоден рок Мауро Икарди од Интер се пресели во Пари Сент Жермен и заврши сапуницата која траеше повеќе од шест месеци. Аргентинецот во Париз замина како позајмен фудбалер а „светците“ ќе имаат обврска да го откупат договорот ако фудбалерот ги исполни очекувањата.

Свое размислување за Икарди и целата ситуација даде контроверзниот фудбалер Паоло ди Канио. Тој на некој начин го  нападна Икарди, кој немал доблест да им се извини на играчите за турбелетниот период и проблемите кои ги направи во соблекувалната.

  • Икарди не ми се допаѓа како фудбалер а уште повеќе не како човек, бидејќи е кукавица. Тој постигнува голови после центаршутеви од соиграчите и толку. Икарди не е способен да направи она што го прават модерните напаѓачи. Не знае да ги поздрави играчите кога ќе постигне погодок. Не сум изненаден од трансферот во ПСЖ затоа што таму се сите его зависници. – изјави Ди Канио.

Ди Канио, смета, оти тренерот на Наполи Карло Анчелоти направил добра работа кога место Икарди го довел Фернандо Љоренте. Шпанецот минатата сезона ја помина во Тотенхем.

OhridNews