Составот на Интер со 1-0 го совлада Рапид во Виена и обезбеди поволен резултат пред реваншот на Џузепе Меаца следната недела. Победата на „нероазурите“ и воопшто мечот со Рапид беше во втор план поради клинчот на управата на клубот со Мауро Икарди.

Челниците на Интер одлучија да му ја одземат капитенската лента на Аргентинецот, кој пак одби да патува и игра за клубот против Рапид во Лигата на Европа. Тренерот на Интер, Лусијано Спалети изјави дека клубот постапил правилно и никој не може да биде поголем од клубот. После триумфот на италијаните, Икарди се огласи на социјалните мрежи пишувајќ: Подобро да ќутам и да се превам глуп, отколку да проговорам и да откријам се. 

Една од причините за лошата релација помеѓу Икарди и управата се преговорите околу новиот договор, додека другата е сопругата на Икарди, Ванда Нара која јавно го искритикува Иван Перишиќ, откако хрватскиот репрезентативец побара дозвола за трансфер во Арсенал.

Утринава медиумите од апенините информираа дека Интер е лут поради наводните тајни преговори на Икарди со Јувентус. Ривалството помеѓу Интер и Јувентус е големо.

OhridNews

ЛЕ: Минимален пораз на Арсенал, Интер посилен од проблемите (видео)