Напаѓачот Мауро Икарди од Интер во Пари Сент Жермен се пресели со задача да ја врати формата која долго време го красеше на „Џузепе Меаца“. Но, ако се суди од почетокот на авантурата на Икарди во Париз насловните страни ќе ги полни со вести што не се поврзани со спортот.

Аргентинецот, место комплетно да се насочи кон играњето фудбал, тој веќе успеал да влезе во конфликт со сонародниците Анхел ди Марија и Леандро Паредес. Како што пренесува француски „Л`екип“, конфликтот избувнал откако Ди Марија и Паредес кои се блиски со поранешниот сопруг на Ванда Нара, Макси Лопез го изолирале Икарди од тимот.

Икарди е главната причина за пропаднатиот брак на Макси Лопез и Ванда Нара. Икарди и Макси Лопез беа  блиски пријатели и соиграчи во Сампдорија а после скандалот станаа „смртни“ непријатели и не се поздравуваа пред почетокот на натпреварите.

Ваквиот почеток во новата средина не му оди на прилог на Икарди, кој во Париз е на позајмица од Интер. „Светците“ на крајот на сезоната ќе одлучат дали ќе го откупат договорот а според стартот на авантурата на Икарди не му се предвидува светло сценарио.

OhridNews