Сапуницата околу името на Мауро Икарди веројатно ќе заврши со заминување од Интер, а сигурно е дека италијанската Серија А ќе добие познат и контроверзен лик во Марио Балотели, кој ја засили Бреша.

Тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте јасно му стави до знаење на Икарди дека не смета на него, а некогашниот капитен возврати со одбивање да тренира со Б екипата и првиот состав подоцна. Икарди посакува трансфер во Јувентус одбивајќи ги понудите од Рома и Наполи, но веројатно ќе заврши во Монако. Францускиот состав му понудил многу голема плата на Аргентинецот и изгледа во соработка со агентот сопруграта Ванда Нара ќе ја прифатат и ќе се збогуваат со Интер.

Балотели на Бреша и се приклучи како слободен агент, откако не го продолжи договорот со францускиот Олимпик Марсеј. Италијанскиот репрезентативец со клубот потпиша тригодишен договор и ќе заработува по 1.5 милиони по сезона.

Новата сезона во Серија А почнува викендов кој доаѓа.

OhridNews