Голманот и капитенот на Реал Мадрид, Икер Касиљас нема да му додели ни еден бод на Лионел Меси во гласањето за најдобар фудбалер во светот.

Трикратниот освојувач Лионел Меси заедно со фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се најсериозни кандидати за златната топка. Касиљас трите гласови ќе ги распредели Серхио Рамос (пет бода), Роналдо (три), и Чави (еден бод).

Никако неможе да се исклучат и шпанските репрезентативци Чави и Андреас Иниеста. Токму Иниеста ги совлада Роналдо и Меси за најдобар фудбалер во Европа.

Мх.П.