67 963 194  денари е долгот на охридското Јавно претпријатие „Нискоградба“, додека според фактурираната вредност, физичките лица на претпријатието му должат 65 700 000 денари, информира новиот директор на ЈП „Нискоградба“ Охрид, Никола Икономовски.

Според Икономовски, при извршување на делумни анализи за целокупното работење на претпријатието, констатирани се низа неправилности на претходното раководство.

Со моето доаѓање на директорското место во ова јавно претпријатие, затекнав три неисплатени плати. ЈП работи со блокирана сметка поради извршни судски решенија и неплаќање на данок по основ на ДДВ во висина од 5 096 830 денари. Обврските спрема јавните претпријатија во Охрид се 14 252 712 денари. За неплатени телефонски сметки должиме 64 395 денари, додека спрема угостителските објекти 632 523. Од основањето на „Нискоградба“ па до сега, за реперезентација се трошени на годишно ниво просечно по 1 262 113 денари што е една превиоска сума на пари. Исто така, обврски имаме и спрема добавувачите во висина од 55 725 705 денари.“ – изјави Икономовски на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека незаконски е одземано од платата на работниците за административни забрани во висина од 206 000 денари, а истите не се исплатени  до соодветните банки и извршители. Икономовски истакна дека веќе разрешениот директор, се уште не се откажува од својата функција.

Иако поранешниот директор Владо Цветкоски е разрешен од функцијата на 2-ри мај оваа година, вчера ми стигна фактура од Сончева Порта дека службено ручал како директор и добивме сметка во висина од 2 010 денари. Навистина не можам да сфатам која е целта.“ – вели Икономовски.

Како што објасни новиот директор, поради неплаќање на обврските изгубена е довербата кај добавувачите, кои повеќе не се јавуваат на распишаните тендери.

Во минатиот период обврските кон добавувачите се исплаќале селективно, додека другите побараа по судски пат да ги наплатат своите побарувања. Во врска со добавувачите, симптоматично е што две фирми се пријавувале и ги добиле поголемиот дел од тендерите од кои што во моментов ги набавуваме основните материјали за работи.“ – истакна Икономовски.

Тој се надева дека и покрај бројните проблеми во претпријатието, приоритет ќе биде подобрување на услугите спрема корисниците и враќање на довербата кон доверителите.

Ќе дадам се од себе претрпијатието да го вратиме на здрави нозе. Во тек е анализа на структурата на вработените, со цел ефикасно искористување на работната сила, овозможувајќи секој поединец да даде придонес во осварувањето на својот личен резултат. Трошоците за репрезентација се сведуваат на миниум, освен они кои што не можат да се одбегнат.“ – истакна Икономовски.

O.T.