Реал Мадрид, во петокот потврди дека нов член на тимот е 23-годишниот
Асиер Иљараменди, кој на „Сантијаго Бернабеу“ дојде од Реал Сосиедад.

Трансферот на Иљараменди изнесува 39 милиони евра. Според плановите на
раководните луѓе во Реал, Иљараменди треба да биде наследникот на Чаби
Алонсо, кој фудбалското име го стекна исто така во Реал Сосиедад и кој
во ноември ќе наполни 32 години.

Шпекулациите говорат дека Чаби Алонсо би можел во летниот преоден рок да
си замине од Реал, со оглед на тоа дека неколку екипи се интересираат
за неговите услуги.

Иљараменди вниманието врз себе го сврте во минатата сезона, кога беше
еден од клучните играчи на Реал Сосиедад во освојувањето на четвртата
позиција на табелата.

Одличната форма ја потврди и на Европското првенство за млади фудбалери,
на кое Шпанија го освои првото место, а тој беше избран во идеалниот
тим на првенството.

„Макфакс“