Нов управител  на Радио Охрид од денеска е Илче Стојаноски, долгогодишен новинар во оваа радио куќа, објави радиото на својата интернет страница.

Стојаноски доаѓа на местото од досегашниот прв човек на радиото, Милчо
Јованоски кој поднесе неотповиклива оставка од оваа функција.

Радио Охрид кое годинава одбележува 52 години од постоењето, во последните години е во сериозна криза, но и покрај тоа е една од ретките јавни радио станици кои не згаснаа. Доминантен сопственик на радиото е компанијата „АМАК“ која на 7-ми декември 2007 година откупи 55% од акциите на овој медиум, за сума од 1.520.000 денари.

Ohridnews