По пауза од две и пол години во Охрид ќе се организира полагање на испит за управување со пловни објекти за спорт и рекреација. Предвидени се повеќе термини, а аплицирањето е во тек. Исто така, по пауза од две децении, наскоро во Охрид ќе може да се врши обука и да се полага испит за стекнување на стручни звања за работа на брод. Ова во емисијата Интервју на Охридњуз го најави Капетанот на Капетанијата на пристаништата на Македонија Илија Арнаудоски. Со него разговараме и за безбедноста во водниот сообраќај и заштитата на животната средина.
Илија Арнаудоски во Интервју: По подолга пауза во Охрид ќе се полагаат испити за управување со сите видови пловни објекти
Г.М.
Видео и фото: А. Момироска