Наташа Илиевска освои златен медал на Европското првенство во карате што се одржува во Цирих, Швајцарија.


Нашата најдобра каратистка во финалето со 3-1 ја победи хрватската репрезентативка Јелена Ковачевиќ остварувајќи го најголемиот успех во нејзината кариера.

Илиевска (28) која две години по ред е најдобра спортистка во Македонија до големиот успех стигна победувајќи дури пет натпреварувачки.  Таа беше подобра од Маркушова од Чешка, Вишновска од Словачка, Кардин од Италија, а во полуфиналето беше подобра и од Фарајли од Азербејџан со 3-0.

По среброто на Жарко Арсов во Белград, бронзата на Огнен Груевски во Атина, златото на Илиевска е најсјаниот медал што го освоиле македонските каратисти.

Ohridnews