Домаќинот Олимпија  и бранителот Партизан ќе играат во финалето од десетото издание на НЛБ Јадранската лига.


Во словенечката пресметка Олимпија беше подобра од Крка со 67:57. Македонскиот интернационалец Владо Илиевски за 35 минути поминати на теренот постигна 8 поени и имаше 4 асистенции.

Бранителот на трофејот Партизан ја совладаа Будуќност од Подгорица со 62:58.

Финалниот меч се игра во четврток во 20:45 часот.

Ohridnews