Македонската репрезентација во кошарка со пораз го започна патишествието на Европскот првенство во Литванија. Од “црвено жолтите“ подобра беше селекцијата на Црна Гора со 70-65.
– Несреќно изгубивме, мислам дека можевме да го добие овој натпревар. Се осети отсуството на Гечески кој поради повреда неможеше да ни помогне. Во дополнителните пет минути го загубивме и “капетанот“ Меклејб што беше премногу за нашиот состав – смета Илиевски.
Избраниците на Докузоски, шансата за прва победа ќе ја бараат на натпреварот со Хрватска кој е на програмата утре во 20 часот.
– Се надевам дека на натпреварот со Хрватска ќе ни тргне и со пожртвуване игра во одбраната и нападот и мала доза на среќа ќе стигниме до триумф – заврши Илиевски кој на натпреварот со Црна Гора забележа осум поени, два скока и една асистенција.
Мх.П.