Плејмејкерот на Македонија, Владо Илиевски одигра одлично против Словенија имаше пофалби зборови за тимскиот игра , дополнувајќи дека победата е заслужена.

– Ова е голема победа за нас. Одигравме одличен натпревар, го дадовме максимумот и верувавме во себе. На овој начин го играме цело првенство и поради оваа игра сме меѓу најдобрите осум екипи во Европа. Навистина сме среќни со триумфот и со тоа што знаеме дека цела Македонија е со нас“, рече Илиевски на прес-конференцијата.


– Словенија влезе во мечот под голем притисок и ние го почувствувавме тоа, нападнавме од почетокот и продолживме така. Тие имаат навистина добри и искусни играчи и покрај поразот, верувам дека имаат доволно квалитет да се пласираат во четвртфиналето. Доста сме изморени по мечот, ова ни е веќе седми натпревар за 11 дена, но желбата за победа и надигрување не води понатаму до нови успеси. Одиме на победа и против Русија и на секој натпревар до крајот“, продолжи Илиевски.


Во продолжението Илиевски ја издвои квалитетната одбрана како клучна за победата на овој, но и на сите други натпревари и им честиташе на соиграчите за безрезервната борба и се заблагодари на фановите за поддршката.