Тажни се лицата на македонските кошаркари по поразот во малото финале. Јунакот од четвртфиналната пресметка Владо Илиевски со Литванија, полн во срцето затоа што уште еднаш ја претстави Македонија во најдобро светло.


– Животот еднаш дава, еднаш зема. Многу ми е криво што не донесовме медал, ова е тешко повторливо и само се надевам дека не ги разочаравме нашите навивачи и овие што дојдоа дури до тука да не бодрат и оние кои постојано се со нас од Македонија. Сакам да се заблагодарам на сите што бевте со нас, едвај чекаме да дојдеме утре во Скопје за да славиме заедно со народот. Среќни сме, горди и срцето ни е полно – рече Илиевски.


Ohridnews