-Очигледно е дека СДСМ има намера да го поништи договорот од 2-ри јуни и бара начин како да го направи тоа. Ова вечерва во Охрид го изјави Илија Димоски пред почетокот на седницата на Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, на која, како што истакна тој, ќе се разгледаат сите аспекти од актуелната политичка состојба.

Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ е отворена за преговори коишто имаат рационална основа и треба да дадат резултат за цела држава. За заклучоците од седницата на Централниот комитет јавноста ќе биде информирана, додаде Димоски.

OhridNews