
Претставници на владејачката ДУИ во оваа комисија ќе бидат Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од опозициска ДПА – Газменд Аљити, додека независен член ќе биде Солза Грчева.
Во оваа комисија бројот на членови да биде ист како и во Анкетната комисија за преслушувањата, односно вкупно 16 члена, од кои осум од ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен член.
Сепак, пратениците од СДСМ не присуствува на седницата на Комисијата за избори и за именувања во понеделник, ниту, пак, предложија свои членови.
Претседателот на Комисијата за избори и за именувања, Зоран Илиоски, рече дека кога ќе стигнат предлозите од СДСМ, тој ќе закаже седница на која ќе бидат додадени новите членови.
Тој појасни и дека ако СДСМ поднесе барање за јавен пристап до информации, за документите, со дипломата и со работниот стаж на Силвана Бонева, во рок од 24 часа тие ќе им бидат дадени на увид. Илиоски рече дека претставници од СДСМ можат да дојдат кај него во канцеларија, каде што тој ќе им ги покаже документите.
OhridNews
извор Макфакс











