Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски е именуван за претседател на Комисијата за избори и именувања, со што се отвори можноста за продолжување на конститутивната седница на Собранието, на која треба да се избере претседател, а која е закажана за понеделник.
Договорот бил постигнат на денешната координација, откако претходно три дена не можеше да биде постигната согласност која партија треба да го даде претседателот на Комисијата.
Во понеделникот беше постигнат договор Комисијата да ја сочинуваат 13 членови, од кои ВМРО-ДПМНЕ има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден член.