Првата македонска алпинистка која успеа да го освои Монт Еверест, Илина Арсова денес беше гостин во основното училиште „Св. Климент Охридски“, каде пред основците ја раскажа својата приказна за искачувањето на Монт Еверест и останатите нејзини храбри подвизи.

Арсова пред учениците истакна дека отсекогаш тоа била нејзината желба и дека тоа не го смета како личен предизвик, туку како порака до сите амбициозни жени да не се двоумат во поставувањето на своите цели, кои со силна волја, упорност и напорна работа секогаш се исполнуваат.

Нејзината презентација наиде на голем восхит од учениците, кои љубопитно поставуваа бројни прашања околу подготовките, времетраењето на експедицијата и со какви се препреки Арсова се соочила на патот до целта.   

OhridNews