На регатнотополе пред плажата во Струга се одржа Државното првенство во едрење во класите Оптимист јуниори до 12 години, Европа и Ласер стандард.

На првенството зедоа учество охридските Едриличарски клубови БОФОР и СТРМЕЦ и домаќинот Едриличарскот клуб СНЕГАР од Струга.


Во многу пријатни услови за едреење со умерен јужен ветар се одржаа три регатни трки.

Кај најмладите државен првак е Иво Илинче од Стрмец, второто место го освои Дамјан Поп-Стефанија од Бофор, трет е Игор Каневче од Бофор.


Во класата европа поуспешни беа охридските девојки државна првенка е Ирена Грунче од Бофор, второто место за Елена Ставреска од Стрмец и трета е Мартина Каневче од Бофор.

Најискусните едриличари ги предводеше еден од најуспешните во последните години Ердал Лушо од Снегар, второто место за Љубиша Милески од Стрмец и трето за Марјан Грданаски од Снегар.

Ohridnews