
Овој голем национален празник што се паѓа на големиот верски празник-Илинден е симбол на вечната борба за слобода на Македонецот.
Празникот во земјва денбеска се одбележува со низа свечености. Централните прослави се одржуваат во Крушево и Пелинце , а со пригодни свечености празникот се одбележува и во Охрид.
„Во своето опстојување на овие простори, македонскиот народ оставен на ветрометината на историските случувања, наоѓал сопствени сили за извојување на своето право за опстојување. ИЛИНДЕН, во меморијата на македонскиот народ останува трајно врежан, зошто тој е неговиот извор на гордост и патоказ на историските раскрсти, а истовремено и покана за градење заедничка иднина на сите добронамерни нејзини граѓани“ се вели во пораката што по повод големиот национален празник до граѓаните ја испрати градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Традиционално денеска по 28 пат на патеката од Горица до Охрид ќе се одржи и Малиот пливачки маратон, познат уште како Илинденски куп.
Велерва свечено ќе биде затворена и 39-та Илинденска едриличарска регата.
Во рамките на чествувањето на големиот национален празник вечерва на Античкиот театар од 22:30ч. концерт ќе познатиот македонски пејач Владо Јаневски.
ohridnews












