Во духот на големиот православен празник Свети Илија и македонскиот национален празник Илинден, на 2 Август (недела) во селото Косел, кај Охрид, традиционално ќе се одржи голем народен собир кај црквата „Св. Илија“.
Подготовките за настанот се во полн ек, а организаторите најавуваат уште едно убаво празнично дружење кое секоја година обединува голем број верници, жители и гости од Охридскиот регион.
По одбележувањето на празникот, следува културно-забавна програма, која ќе започне во 20:30 часот, а за добрата атмосфера ќе се погрижат Мирослав Мирчески и Грациозо бенд, со репертоар од македонски народни и евергрин песни.
Во текот на вечерта посетителите ќе можат да уживаат и во богата празнична атмосфера, со пригодна понуда на храна и освежителни пијалаци.
Организаторите упатуваат покана до сите граѓани заеднички да го одбележат Илинден, празникот што симболизира духовност, слобода и македонската традиција, во амбиентот на црквата „Св. Илија“ во Косел.
OhridNews Promo













