Советот на Општина Охрид денес ќе ја одржи 18-та седница во зградата на Општината.

Советниците ќе расправаат за 60 точки меѓу кои тромесечните извештаи за работата и остварените резултати на локалните јавни претпријатија, како и извештаите за реализација на клучните општински програми.

На Дневен ред се и извештајот за остварувањето на Буџетот на Општина Охрид за периодот од 1 јануари до 30 септември 2026 година, измените на програмите од повеќе сфери, предлог-одлука за измени и дополнувања на Буџетот на ЕЛС Охрид за 2026 година и предлог-oдлука за донесување на буџетскиот календар.

OhridNews