Македонскиот карате – кид Пеце Наумовски од Мелбурн го освои третото место во карате на Комонвелт игрите. Во силна конкуренција од 53 држави кои учествуваа на игрите во Австралија Пеце освои бронзен медал а беше поразе од првакот на Комонвелтот претставникот на Канада.
Нареден настап на Наумовски е во Бризбејн на Федералното првенство на Австралија на кое тој го ќе го бранит трофејот во категоријата до 52 кг, освоен лани. На ова првенство се натпреваруваат по 6 претставници од секоја држава на Австралија.
Наумовски неодамна настапи на Младинското светско првенство во Грција каде го освои четврто место по поразот од неговиот врсник од Германија. Голема заслуга за поразот имаат и домаќините кои го сместија Пеце во категорија до 57 кг. инаку тој се натпреварува во категорија до 52 кг затоа што неговата тежина е само 51 кг.
Во секој случај и четвртото место во светот е гоелм успех.
Ицо Најдовски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com