
Минатогодишните победници Марко Блажески во машка и Симона Маринова во женска конкуренција се дел од македонската олимписка експедиција и нема да настапат на “малиот“ маратон.
На маратонот ќе учествуваат педесетина пливачи поделени во две старосни групи. Илинденскиот  Куп годинава ќе го има своето 33 издание и ќе се плива на патеката  Горица – Охрид во должина од 2,5 км.
					


							






