Со богослужби и традиционални верски обичаи во Охрид и охридско, вчера се одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица.

Кај црквата посветена на оваа светица во охридското село Скребатно, се оддржа голем црковно народен собир, традиција стара повеќе од 300 години.

12 000 верници имаа можност да вкусат од традиционалната манџа специјално приготвена за овој празник, за чии потреби беа приготвени околу три тони јагнешко месо.

Оваа е традиција стара повеќе од 300 години, а на овој ден црквата дава ручек за верниците. Многу одамна, почетоците биле тешки, со оглед на тоа што во минатото немало никаква инфраструктура, а патот бил тешко прооден до тука. Оваа година, мислам дека имаме најголем број посетители.“ – вели Зоран Германоски од Црковниот одбор, кој потенцира дека оваа година со наддавањето на бајракот се собрани околу 6 000 евра.


за ручекот се погрижија Мите Илоски, Крсте Крстески, Милчо Кароски и Крсте Џуклески

Утрото, голем број верници се упатија во црквата „Св. Богородица“, каде палеа свеќи за здравје и среќа, земаа од традиционалната нафора за најблиските, одавајќи и почит на големата светица.

После неколку години се одлучивме да дојдеме тука, да одадеме почит на светицата. Организацијата е беспрекорна, ручекот вкусен, а домаќините гостопримливи. Им посакувам многу здравје и благосостојба.“ – рекоа верниците.

Постарите велат дека денешните генерации се обидуваат да ги зачуваат верските обичаи преку овој црковно-народен собир кој во суштина претставува продолжување на вековната традиција.

Свеченостите започнаа уште во средата навечер со пригодни манифестации во црквата, а голем број верници традиционално се одлучија ноќта да ја поминат под шатори, во атарот на селото Скребатно.

Веќе петнаесетина години црковниот одбор во Скребатно, во кој членуваат истакнати граѓани по потекло од скребатскиот крај, трпеливо го надградуваат црковното место кое од година во година привлекува се поголем  број постители. Црквата целосно е возобновена пред седум години на темелите на стариот храм, кој со точност не се знае од кога потекнува. Скребатно за прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година.

O.T.