Илон Маск изјави дека го контактирал Тим Кук од Епл во врска со купувањето на Тесла од страна на Епл, но Кук одбил, пренесува Гардијан.

Тој наведува дека во најтешкиот период на развојот на Моделот 3, сакал да го продаде за една десетина од сегашната вредност.

Коментарот на Маск следеше по извештајот дека „Епл“ работи на производство на електричен автомобил со напредна технологија на батерии. Многумина, вклучувајќи го и Муск, ја доведоа во прашање таа технологија.

Оваа изјава на Маск не е изненадувачка – во 2013 година, барајќи можност да ја спаси компанијата, Маск потпиша договор со Гугл за купување на Тесла. Маск тоа го наведе во својата биографија во 2015 година.

„Епл“ од 2014 година преку „Проектот Титан“ се обидува да развие сопствено возило од нула, а во најновите извештаи се наведува дека автомобилот на крајот сепак можеби ќе биде произведен од надворешен индустриски партнер.

OhridNews