– Чувството е одлично да се вратиш победнички во Охрид. Натпреварот беше крајно неизвесен и нашата победа висеше до самиот крај. Ние полека влегуваме во посакуваниот ритам, сега ни престојат два натпревари на домашен терен. Во тие мечеви сме фаворити но мораме да ги победиме и да ја продолжиме победничката низа – посочи Иловски.
Еуромилк по шест одиграни рунди со две победи, две реми и два порази се наоѓа на деветтата позиција на табелата.