Жители на дел од улицата Јане Сандански се жалат дека со години мака мачат поради поплавувањето на подрумските простории во нивните куќи. Како што тие тврдат, причина е затнувањето на дотраената канализација која нема капацитет за големиот број на приклучоци. Тие додаваат дека проблемите произлегуваат и како резултат на нестручно изведените шахти на овој потег.


Станува збор за потегот во близина на продавницата Гумно, каде на канализационата мрежа се приклучени голем број жители од соседните згради и куќи.


Жителите потенцираат дека проблемот трае со години и покрај нивните реакции до надлежните.

OhridNews