Речиси на секој чекор околу нас никнуваат диви депонии на кои се фрла шут и најразличен друг отпад. На одредени места отпадот целосно го прекрива зеленилото, а не се поштедени ниту водните површини. Овој поразителен факт како никого да не загрижува во државата, која буквално е затрупана во ѓубре. Не се поштедени ниту најживописни предели и заштитени подрачја.

На просторот помеѓу регионалниот пат за Св. Наум и поранешната детска болница се наоѓаат големи количини градежен отпад кои ја прекриваат трската. Оваа грда слика е сосема неважно дали ќе ја видат домашните и странските туристи. Тие ќе дојдат и ќе си одат, ние остануваме да живееме со ѓубрето и совеста, ако воопшто ја имаме.



Немилосрдно ја уништуваме природата

OhridNews