Членовите на неформалното еколошки движење „Чист Охрид“, денеска одржа акција покрај зградите наспроти поранешната фабрика „Отекс“, в долж улицата „7ми Ноември“. Локацијата беше избрана како приоритетна не само поради тоа што се работи за урбана средина на која има многу отпад на тревните површини, туку и од причина што се наоѓа во близина на меѓуградската автобуска станица и е една од првите, за жал срамни глетки за туристите кои доаѓаат во нашиот град, велат волонтерите од „Чист Охрид“. 

-Би сакале да изразиме загриженост за состојбата на локацијата. Од станарите добивме информации дека се фрла отпад од терасите, а беше забележително и дека оние станари кои пушат на своите тераси, без размислување ги фрлаат отпушоците во тревникот. Исто така мора да се истакне и фактот дека постојат два контејнери на оддалеченост од 2-3 метри од самиот тревник, но и покрај тоа, целиот тревник беше преплавен со ѓубре. Исто така, ситуацијата до самите контејнери е очајна, што може да се види и на фотографиите. Најдовме многу хартивчиња од чоколади и бонбони, парчиња најлон одамна во фаза на распаѓање, кабли, чевли… но она што најмногу нѐ загрижи е фактот што под самите тераси има и медицински отпад. – велат од „Чист Охрид“, од каде очекуваат надлежните служби да го остранат и соодветно одложат опасниот отпад.

Од „Чист Охрид“ сметаат дека е потребно да се зголеми хигиената на јавните површини во градот.

OhridNews