Наспроти ова, СВР Охрид попладнево соопшти дека по извршениот информативен разговор со учесниците во инцидентот, било утврдено дека немало физичка пресметка, туку обична расправија која настанала поради фрлање на предмет, најверојатно шише од такси возило со кое се поревезувале туристите од Србија, а кое наводно оштетило едно од двете возила со кое се превезувала другата група. Во тој момент тие го попречиле патот на такси возилото, по што настанала жестока расправија, но наводно до тепачка не дошло.
Охридската полиција соопшти дека најверојатно случајот е предимензиониран и според најавите тој ќе биде окфаликуван како нарушување на јавен ред и мир. Полицијата најави дека по целосното расчистување на инцидентот ќе бидат поднесени прекршочни пријави против учесниците.
Останува нејасно зошто во јавноста се пласирани две различни верзии за настанот, кој за кратко време по објавувањето, стана топ тема во македонските и српските медиуми, а кој сериозно може да и наштети на туристичката сезона во Охрид и дали некој ќе одговара за тоа.