Во четврток, 19-ти април, во кафе барот „Шила“ ќе се одржи поетско читање кое за првпат ќе се случува во Охрид, насловено „Имам нешто да ти кажам“. Свои стихови ќе читаат: Јован Цветкоски, Никола Кузелов, Анета Вршкоска Јованоска, Викторија Алексиоска, Никола Чоста Ристески, Махмоуд Сами Рамадан, Марина Климоска, Петар Џајковски, Дамјана Видическа, Александра Алексијевска.
Станува збор за настан на кој може да се пријави кој било (без ограничувања) со своја поезија. Простор и можност каде секој човек што сака, може да ја изрази својата уметничка мисла.
Настанот нема да биде од натпреварувачки карактер.
OhridNews












