„Пред да се раздени“ на Есма Реџепова и Влатко Лозаноски, е насловот на новата песна која ќе ја претставува земјава на Евросонг 2013, што во мај ќе се одржи во Малме, Шведска.

Текстот за делот на Влатко Лозаноски е на Магдалена Цветковска-Ели, додека аранжманот е на Дарко Димитров. Делот што го пее Реџепова е дело на нејзиниот син Симеон Атансов, а она што е карактеристично за новата дводелна песна, е тоа што Лозаноски ќе пее на македонски, а Есма на ромски јазик.

Песната ќе биде промовирана во централниот дневник на Македонската радио телевизија.

Инаку, првиот избор „Империја“, беше повлечен по бурните реакции во македонската јавност, која ја оцени песната како голем кич.

OhridNews