Импресивен настап на грчката пијанистка Данае Доркен
26.07.25 09:20
Младата грчко-германска пијанистка Данае Доркен со своето вдахновено музицирање вчеравечер ја почести публиката на „Охридско лето“ со прекрасен концерт кој се одржа во рамки на Грчката вечер на фестивалот, поддржана од Амбасадата на Грција во нашата земја.
Со својот возвишен пијанистички артизам, Доркен вечерта ја започна со една од нејзините омилени композиции, „Фантастична пиеса“ од Роберт Шуман.
Голема е радоста што свирам тука особено поради тоа што имам половина потекло од Грција која е соседна земја на вашата. На репертоарот имав грчки дела од Микис Теодоракис, но не само тоа, туку свирев и една од моите омилени композиции „Фантастична пиеса“ од Роберт Шуман со која го започнав концертот. Отсвирив и едно необично дело, „Црна земја“ од Фазил Сај инспирирано од инструменти кои звучат ориентално кое се свири на посебен начин на пијаното, со допирање на внатрешните жици, рече пијанистката Данае Доркен која изведе и дела од Фридрих Менделсон и Франц Лист.
Таа е една од најбараните уметници на нејзината генерација, позната по нејзината неверојатна техника, фантастична сценичност и длабочина на музичката мисла.На само седумгодишна возраст, веќе била поддржувана од познатиот Јехуди Мењухин и уште тогаш ги освојува симпатиите на публиката со „нејзиното уживање во интерпретирањето на музиката“. По студиите со Карл-Хајнц Кемерлинг и со познатиот солист и педагог Ларс Вогт, започнува нејзината кариера и денес таа редовно гостува со водечките европски оркестри
По повод 100-годишнината од раѓањето на грчкиот композитор Микис Теодоракис која се одбележува во 2025 година, Данае Доркен ќе издаде албум со делата за пијано од овој композитор. Минатата година, исто така, беа промовирани неколку албуми – „Аполо и Дионисиј“ издаден за „Берлин класикс“ како дуо со нејзината сестра и три албуми со францускиот обоист Филип Тондре за издавачката куќа „Кларте“.
Нејзиниот најзначаен аудиопроект, снимката на Моцартовиот концерт бр. 21 и ретко изведуваниот Втор концерт за пијано и оркестар од Феликс Менделсон под диригентство на Ларс Вогт и со Симфонискиот оркестар од Њукасл се здобива со одлични критики, додека пак соло албумот „Одисеја“ е номиниран за повеќе значајни меѓународни награди.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени Во понеделник не оче...
На 31102025, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 48-годишно лице од селото Подмоље, охридско При претрес во поранешен угостителски објект во селото Ме...
На 31102025 во СВР Охрид, во присуство на нивните родители и правен застапник, извршени се службени разговори со двајца малолетници од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на плоштадот „Ми...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.